Мавеја (бислама: Mavea) е мало островче во покраината Санма во Вануату.

Географија Островот се наоѓа непосредно до источниот брег на Еспириту Санто, северно од Аесе, западно од островчињата Малвануа, Малвапеву, Малвепе и Малоне. Северно е островчето Дени. Просечната надморска висина на островот е 63 метри.

Население Според податоците од 2015 година, островот имал население од 232 луѓе во 47 семејства. Околу 30 луѓе го зборуваат локалниот мавејански јазик. Сите жители зборуваат и бислама.

Наводи

Категорија:Острови во Вануату Категорија:Санма