Ламберт Бен Френд (, р. 23. ноември 1942 година во Џонсбург, Илиноис, САД) е американски инженер. Познат е по неговата истражувачка работа во областа на бранови во цврсти тела, механика на кршење, сеизмологија, механика на тенки филмови, развој на микроструктурата во филмови, теорија на изместувања, биолепливост и инженерско образование.

Френд израснал на фарма во североистокот на Илиноис, која ја купил неговиот прадедо по доселувањето од Германија во средината на 19. век. Студира на Илинојскиот универзитет во Урбана-Шампајн, а потоа докторира на универзитетот „Нортвестерн“ во Еванстон, Илиноис под менторство на професорот Јан Акенбак. Прво се приклучува како пост-докторски истражувач во лабораторијата за истражување на материјали при Брауновиот универзитет, а потоа постанува и професор на истиот. Меѓу 1979 - 1983 година, Френд е директор на Дивизијата за инженерство. Во текот на својата кариера, тој учествува во научни размени на Стенфордовиот универзитет, Калифорнискиот универзитет во Беркли, Калифорнискиот технолошки институт и на Илинојскиот универзитет. Се пензионира во 2010 година.

Професорот Френд е добитник на бројни награди и признанија, вклучувајќи ги и медалот „Вилијам Прагер“, Тимошенковиот медал и медалот „Џорџ Р. Ирвин“. Член е на Националната академија за инженерство на САД, Националната академија на науките на САД и Американската академија на уметностите и науките.

Во 1965 година, се ожени со Колин Хел. Имаат три сина.

Наводи

Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Американци со германско потекло Категорија:Инженери Категорија:Апсолвенти на Илинојскиот универзитет во Урбана-Шампајн Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Нортвестерн“ Категорија:Професори на Брауновиот универзитет Категорија:Професори на Илинојскиот универзитет во Урбана-Шампајн