мини|420п|Распространетост на луѓе коишто го зборуваат македонскиот јазик низ светот:
Со географска распространетост на говорители на македонскиот јазик се подразбира целосниот број на луѓе чијшто мајчин јазик е македонскиот јазик, југоисточен словенски јазик којшто служи како службен јазик на Македонија. Според пописот направен во 2002 година, вкупниот број на говорители на македонскиот јазик како прв јазик во државата изнесувал 1.344.815. Македонскиот јазик е исто така изучуван и говорен како втор јазик од сите етнички малцинства во државата, чија целосна бројка изнесувала 2.022.547 луѓе во пописот во 2002 година. Според Ethnologue, бројот на луѓе чиј мајчин јазик е македонскиот изнесувал 1.476.500 во 2016 година. Според проценки на јазичарот Виктор Фридман, бројот на говорници на јазикот изнесувал 3,5 милиони во 2001 година.
Македонскиот се зборува како мајчин јазик од иселеници на Балканот, континентална Европа и остатокот на светот, претежно во Австралија, Канада и Соединети Американски Држави. Според проценки за иселениците од државата во 1964 година, бројот на луѓе кои го говореле македонскиот јазик надвор од Балканот изнесувал 580.000.Topolinjska, Z. (1998), "In place of a foreword: facts about the Republic of Macedonia and the Macedonian language", International Journal of the Sociology of Language (no. 131): 1–11 Вистинскиот број на говорители на јазикот како мајчин и втор јазик не може да се одради поради историско-политичките односи со Грција, Бугарија и Албанија. Уште една од причините поради која е тешко да се одреди целосниот број на говорители на јазикот е тоа што некои македонски дијалекти исто така се сметаат како дијалекти на српскиот и бугарскиот.
Македонија мини|лево|250px|Распределба на македонскиот јазик во Македонија (попис 2002) Според пописот од 2002 година, во Македонија, од вкупното население од 2.022.547 жители, на 1.344.815 македонскиот јазик им бил мајчин јазик. Во Скопје бројот на жители чиј мајчин јазик бил македонскиот биле 341.340. Според податоците од пописот, говорителите на македонскиот јазик биле мнозинство во сите области на Македонија, освен во северозападните области, кои се повеќе населени со говорители на албанскиот јазик. Македонскиот јазик е мајчин јазик на 70% од жителите на земјата. Покрај македонското население, етничките Албанци, Срби, Роми, Турци и Власи зборуваат македонски јазик на разни нивоа како втор јазик.
Годишната јазичаричка податочна база Етнолог проценила дека во 2016 година имало 1.476.500 говорители чиј мајчин јазик е македонскиот. Американскиот јазичар Виктор Фридман проценил дека во 2011 година имало 3,5 милиони говорители.
Наводи
Категорија:Македонски јазик