Шефа е една од шестте покраини во Вануату. Покраината се наоѓа во средишниот дел на Вануату и е составена од островите Ефате, Епи и Шепердовите Острови. Името на покраината потекнува од првите букви на главните острови: Шепердови Острови, Епи и Ефате. Покраината има население од 78,723 жители и површина од 1,455 км². Административен центар на покраината е главниот град на Вануату - Порт Вила.
Географија Островите во покраината се со вулканско потекло. Во покраината има само еден активен вулкан, на островот Епи, кој е активен понекогаш. Во морето, околу островите има подводни вулкани.
Покраината е составена од околу 27 острови. Најнаселен е островот Ефате, каде се наоѓа главниот град. Околу островите има голем број гребени, кои се погодни за нуркање. Некои од островите во покраината немаат постојан извор на питка вода, па така, водата мора да ја собираат кога има врнежи. На поголемите острови се наоѓаат следните реки: Тагабе, Епуле и Рентапау.
Острови
Поголеми острови име население површина км2 Бунинга 144 Ефате 65,829 899.5 Емае 743 32 Емао 602 Епи 5,207 444 Ифира 811 Ламен 440 Лелепа 387 Макура 106 Матасо 74 Мосо 237 Нгуна 1,255 Пеле 321 Тонгарики 267 Тонгоа 2,300
Целосен список Ефате Нгуна Пеле Какула Емао Скот Рок, карпи Еруети Леп Ератап Капума Екапум Леп Еракор Иририки Ифира Хајдавеј Еретока Лелепа Мосо Шепардски Острови Етарик, карпи Масон, карпи Матасо Макура Емае Гребен Кук Бунинга Рошерс Амора, карпи Тонгарики Фалеа Евосе Туфт Рок, карпи Тонгоа Вату Мјала, карпи Лајка Тефала Еракор Епи Ламен Намука
Население Порт Вила е дом на околу 44.000 жители, повеќето Вануаќани. Целата покраина има околу 79.000 жители, според пописот од 2009 година.2009 Census Summary release final - Government of Vanuatu Според статистичките информации, има зголемување на урбанизацијата, двојно.National Statistics Office, (2001), 1999 national populations census: demographic analysis report, Port Vila, Vanuatu.
Наводи
Поврзано Вануату Покраини во Вануату
Надворешни врски Nautilus Dive Канцеларија за туризам на Вануату
* Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година