Бурлатица — археолошко наоѓалиште во велешкото село Виничани. Претставува населба од доцноантичкото време и некропола од раниот Среден век. На 2.5 - 3км источно од селото, лево од современиот пат Скопје-Гевгелија, на површина од 1.5 хектар, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Откриени се и делови од мермерна архитектонска пластика: капители, импости, бази и др. При копањето на каналот за наводнување, точно на местото спроти утоката на Брегалница во Вардар се откриени дваесетина ранословенски гробови со конструкција од камени плочи и со богати гробни прилози. Заштитни ископувања се вршени во 1958 година. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 62, ISBN 9789989101069

Поврзано Абдови Карпи — населба од римското време; Алишовски Пат — некропола од доцноантичкото време; Гробовите — некропола до доцноантичкото време; Гумења — населба и некропола од римското време; Дупен Камен — осамен наод од римското време; Ѓургевица — населба од римското време; Св. Илија — населба од бронзеното време и утврдена населба од римското време; Тумба — некропола од доцен Среден век; Црква — средновековна црква и некропола; Виничани; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Виничани