Берба или Девојка со грне и младич – слика од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1929 година со димензии 52,5х63 см и се наоѓа во Музејот на Смедерево.

На сликата централно е поставена крупна фигура на девојка во сива кошула. Таа во рацете држи едно големо земјано грне. Десно од неа, гледаме стоечка фигура на момче. На платното, блиску до левиот раб, се извива пат на кој стои мало црно кученце и кој води до куќа во заднината на сликата.

Наводи

Категорија:Слики од Никола Мартиноски Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1929 година