Портрет на сопругата Сава – слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 58х41,5 см, насликана во 1938 година. Сликата е во сопственост на Националната галерија на Македонија во СкопјеМакедонско профано сликарство 19, почеток на 20 век
На сликата е претставена покојната сопруга на уметникот. Таа е свртена на лева страна и е поставена на темносин фон. Облечена е во темносино палто, поставено со кафеаво-жолто крзно, сиво-бела кошула со затворена јака, сино здолниште, а на главата носи жолта шамија.
Наводи
Категорија:Слики од Ѓорѓи Зографски Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1938 година