Основно училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ (официјално: Основно општинско училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ - Тетово; скратено: ООУ „Андреја Савески-Ќиќиш“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.
Името на училиштето е во чест на Андреја Савески-Ќиќиш.
Историја
Во минатото училиштето се наоѓало на местото на денешната гимназија и поранешно медициско училиште покрај реката Пена во центарот на градот. Училиштето својата воспитно-образовна дејност ја остварува од 1956 година, а во денешната зграда од 1961 година.
Некогаш училиштето имало околу 800 ученици, додека денес има нешто помеѓу 250 и 300 ученици. Бројот на паралелки е 18 на македонски и 5 на албански јазик. Некогаш важело за видно училиште во Тетово и регионот.
Во 2023 година бил запишан само 1 ученик Албанец во училиштето со што биле загрозени албанските паралелки во училиштето.
Познати личности кои учеле во ова училиште Самир Љума - кинематограф Драгана Чуприна - модел
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Тетово Категорија:Основни училишта во Тетово Тетово Категорија:Основни училишта во Македонија