мини|150px|Пат околу светот за 80 дена - Жил Верн - 1873. Авантура, авантуристички жанр или авантиристички роман, е фикција (измислен расказ/ приказна) која најчесто вклучува патешествија или настани кои се испреплетени со опасност, или пак му создаваат на читателот чувство на возбуда.
Историја Во воведот на „Енциклопедија на авантуристичката фикција“, Дон Дамаса го дефинира жанрот како:
Дамаса дополнително тврди дека авантуристичките приказни го ставаат во фокус елементот на опасност. Така, тој илустрира дека романот „Приказна за два града“ на Дикенс е авантуристички бидејќи вклучува опасност во која е вклучен главниот лик, а додека пак романот „Големите исчекувања“ од истиот автор не е авантуристички бидејќи опасноста во која Пип се наоѓа е само инструмент за да се развие приказната.
Авантурата е честа тема во книжевноста уште од раните денови на пишаната фикција. Така, делумно раните романтичарски дела биле авантуристички.
Историјата и настаните ја одржала авантурата како жанр во живот. Од средината на 19 век па навака, кога започнала масовната писменост и книжевност, авантурата станата популарен жанр. Иако не била искористена максимално, авантурата забележала примени во минатото. Така од приказни поврзани со витези и митски суштества, денес вклучува и разузнавачки и технолошки елементи.
Авантурата често се совпаѓа и со другите книжевни жанрови, како на пример воени романи, криминалистички романи, морепловски романи, разузнавачки романи, научна фантастика и фантазија (пример се делата на Џ. Р. Р. Толкин)Pringle, David. The Ultimate Encyclopedia of Fantasy. London, Carlton pp. 33–5 Сепак, не сите вакви романи се авантури.
Поврзано
Книжевност Книжевен жанр
Наводи
Надворешни врски Развојот на авантурата во книжевноста и животот ,