Плошка — археолошко наоѓалиште во кумановското село Старо Нагоричане. Претставува средновековна некропола. Во реонот на маалото Попчевци, десно од патот за Старо Нагоричане се среќаваат фрагменти од керамички садови, а била најдена и белезица од стаклена паста. Според кажувањето на мештаните, тука биле откриени повеќе гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 223, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бранчевица — населба од железното и римското време; Манастир Св. Ѓорѓија — осамен наод од римското време; Под Селото — населба од доцноантичкото време; Старо Нагоричане; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Старо Нагоричане