Основно училиште „Ванчо Прке“ (официјално: Основно општинско училиште „Ванчо Прке“ - Делчево; скратено: ООУ „Ванчо Прке“) — централно основно училиште во градот Делчево, Општина Делчево.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Ванчо Прке.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во централниот дел на градот. Во непосредна близина на училиштето се наоѓа Домот на културата, Градскиот парк и детската градинка „Весели Цветови“.
Историја
Објектот на училиштето бил изграден во 1971 година, а настава почнала да се изведува во 1973 година. Зградата е од тврда градба на два ката и подрум и одговара на намената за која е изградена.
Училиштето располага со 31 училница, од кои 15 за одделенска настава и 16 за предметна настава. Сите училници се обезбедени со компјутери и нагледни средства.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Ванчо Прке“ - Ѕвегор, подрачно петгодишно училиште; и ПУ „Ванчо Прке“ - Габрово, подрачно петгодишно училиште.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Делчево Делчево Категорија:Основни училишта во Делчево Категорија:Основни училишта во Македонија