Требишки Рид — археолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува средновековна населба и некропола. На околу 3 км северозападно од селото има зарамнет простор кој стрмно се спушта кон патот Охрид-Ресен. По површината се среќаваат грамади од градежен материјал, а во нивата на еден жител биле откриени гробови со конструкција од камени плочи. Од ова наоѓалиште потекнува една бронзена белезица што се чува во Заводот и Музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 254, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горно Село — средновековна населба; Лажиште - Вилипец — населба од римското време; Мадем — топилница од доцноантичкото време; Релејца — Рударски јами од римското време; Старечки Дол — рудник и топилница од римското време; Црвејнца — населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век; Опеница; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Опеница