19 век започнува на 1 јануари 1801 г. и завршува на 31 декември 1900 г.

Настани Настани во Македонија 1838 — отворена печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун. Во 1880 година е формирана Македонската лига. Во 1880 година се формира Привремената влада на Македонија - Единство Во 1885 година во Софија, Бугарија е создаден Тајниот македонски комитет. Во 1886 година се создава Друштвото Србо-Македонци. Во 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат: организација за ослободување. Кон крајот на 80 - тите и почетокот на 90 - тите години во Македонија се направени првите обиди за создавање на револуцинерна организација. Во почетокот на 90 - тите години во Македонија се јавува Антиегзархиското движење. Во 1890 година е објавен прогласот на Силогосот Македонија на Македонците Кон крајот на 1890 година во Софија се формира Македонското студенско друштво - Дружба Во јули 1893 година И. Х. Николов во Софија имал средба со Гоце Делчев и Коста Шахов, и ги претставил начелата врз кои требало да со основа револуционерната организацијата. На 23. 10. 1893 година во Солун, од страна на Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Петар Поп Арсов и Андон Димитров се создава Македонската револуционерна организација. На 27 декември 1894 година во Софија е формиран Братскиот сојуз Во 1894 година донесен Првиот устав на Македонската револуционерна организација На 19.03.1895 во Софија се формира Македонскиот комитет. Во 1896 година се одржува Солунскиот конгрес од 1896 година. Во 1896 година се создава Задграничното претставништво на ТМОРО Во јули 1896 започнува Андартската провокација во Македонија. Во 1897 година се разврзува Виничката афера. Во март 1897 година во Солун е формирано Бугарското тајно револуционерно братство. Во 1898 година се формира Четничкиот институт на ТМОРО. Во 1899 година се разврзува Валандовската афера. Кон крајот на 19 век делува Егзархиската групација во Македонија.

Архитектура 1830 – изградена црквата „Св. Димитриј во Битола. 1836-1850 – изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село. 1837 — завршена изградбата на црквата во Буковскиот манастир. 1838 – изградена црквата „Св. Благовештение во Прилеп. 1840 – изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар. 1847-1851 – изградена црквата во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

Уметност 1811-1814 – изработен иконостасот во длабока резба во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Лесново, прво дело на тајфата на Петре Филиповски-Гарката. 1824 – изработен иконостасот во црквата „Св. Спас“ во Скопје, дело на тајфата на Петре Филиповски-Гарката. 1835 – изработен иконостасот во Бигорскиот манастир, дело на тајфата на Петре Филиповски-Гарката.

Настани во светот Укинато ропството во повеќето западни земји. Продолжува пропаѓањето на Османлиското Царство: независност на Грција, Кнежевството Србија, Кнежевството Црна Гора, Обединување на Романија, Кнежевството Бугарија. Борбата за независност на Латинска Америка доведува до создавање на независни држави на териториите на бившите шпански и португалски империи во Латинска Америка. Американско-мексиканска војна и Американска граѓанска војна, ширење на САД кон запад. Почеток на индустријализација, прво во Англија, подоцна и во континентална Европа како и во Северна Америка. Обединување на Германија и на Италија. Нов систем на австриско кралство и поголема самостојност на Унгарците во Австроунгарија Европско населување на Австралија и почеток на колонизација на Африка. Колонизација на некои делови на Азија (Индија, Сибир, југоисточна Азија).

мини|Мапа на светот одз 1897 година. Британската Империја (обележено розово) била една од најмоќните сили во 19 век.

1800-ти 1800: здружението хирурзи на Англија со кралски декрет е прогласено за Кралски хируршки колеџ на Англија. 1800: почеток на второто Американско големо будење. 1801: Кралството Велика Британија и Кралството Ирска се спојуваат и го формираат Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска. 1801: Махараџата Ранџит Синг е крунисан за крал на Империјата Сик во Пенџаб. 1801–1815: Берберска војна меѓу САД и берберските држави. 1803: Купување на Луизијана и почеток на ширење на САД кон Тихиот Океан. 1803: Првата Саудиска Држава ја покорува Мека при што биле уништени разни светилишта. 1804: Хаити стекнува независност и станува прва црнечка република. 1804: Фрањо I го основа Австриското Царство. 1804–1810: Фуланска војна во Нигерија. 1804–1813: Прво српско востание. 1805–1848: Мухамед Али Египетски го модернизира Египет. 1806: Светото Римско Царство престанува да постои со одлука на Луневилкиот мира. 1807: Кралството Велика Британија ја прогласува трговијата со робје незаконска. 1808–1809: Русија ја презема Финска од Шведска со Финската војна. 1808–1814: Шпанска герила во шпанската војна за независност. 1809: Наполеон го расформирал Тевтонскиот ред.

1810-ти мини|1816: Шака Зулу се издигнува како водач на кралството Зулу 1810: Основан е Берлинскиот универзитет, прв светски истражувачки универзитет. Меѓу неговите студенти биле Хегел, Маркс и Бизмарк. Оваа реформа на германскиот универзитет се покажала толку успешна така што моделот бил следен ширум светот. 1810–1820-ти: Поголемиот број латиноамерикански колонии се ослободиле од владеењето на Шпанската Империја и Португалската Империја после Мексиканската војна за независност и Јужноамериканската војна за независност. 1812: Наполеоновата инвазија на Русијa е пресвртница во Наполеоновите војни. 1812–1815: Англоамериканската војна меѓу САД и Обединетото Кралство. 1813–1907: Голема игра - термин кој го означува натпреварот меѓу Британската Империја и Руската Империја за контрола на Средна Азија. 1815: Виенскиот конгрес ги исцртува новите мапи на Европа. Поделбата не е зачувана заради плимата на либерализам и национализам која се раширила низ Европа. 1815:Со Наполеоновиот пораз кај Ватерло завршуваат Наполеоновите војни и доаѓа до потпишување на Британскиот мир кој траел сè до 1870 година. 1816: Година без лето 1816–1828: Кралството Зулу на Шака Зулу станува најголемо во Јужна Африка. 1819: Британската источноиндиска компанија го презема Сингапур од гусарите.

1820-ти 1820: Американското друштво за колонизација ја основало Либерија за таму да ги испраќаат ослободените робови. 1821–1827: Грција станува прва земја која се издвоила од Османлиското Царство после грчката војна за независност. 1823–1887: Британското Царство ја анектирало Бурма после три англо-бурмански војни. 1825:Со Ири каналот се поврзуваат Големите Езера со Атлантскиот Океан. 1826–1828: После последнта руско-персиска војна, Персиското Царство си ги вратило териториите кои ги изгубило во претходните војни со Русија. 1825–1828: Аргентинско-бразилската војна се завршува со независност на Уругвај.

1830-ти 1830: Мормонската црква е основана на 6 април 1830 година. 1830: После Белгиската револуција во Обединетото Нискоземско Кралство створена е Белгија. 1830: Велика Колумбија се распаднала и од неа се формирале Колумбија (са денешна Панама), Еквадор, и Венецуела. 1831: Франција го окупира Алжир. 1833: Актот за укинување на ропството го забранува ропството ширум Британската Империја. 1833–1876: Карлистички војни во Шпанија. 1834: Официјален крај на шпанската инквизиција. 1834–1859: Востание на имамот Шамил против руската окупација на Кавказ. 1835–1836: Тексашката револуција во Мексико доведува до создавање краткотрајна Република Тексас. 1837–1838: Канадски востанија. 1837–1901: Владеење на британската кралицата Викторија – врв на Британската Империја наречен викторијанска ера. 1838—1840: Граѓанска војна во Сојузна Република Центроамерика доведува до создавање на Гватемала, Салвадор, Хондурас, Никарагва и ]. 1839—1851: Уругвајска граѓанска војна 1839—1860: После две опиумски војни, Франција, Обединетото Кралство, САД и Русија добиваат многу отстапки од Кина што доведува до пад на моќта на династијата Ќинг.

150п|мини|Семјуел Морзе

1840-ти 1840: основан е Нов Зеланд, со потпишување на договорот Ваитанги меѓу Маорите и Британците. 1844: поставена првата јавна телеграфска линија меѓу Балтимор и Вашингтон – со праќање на првата порака на 24 мај започнува времето на телеграфот. 1844: Милеристичкото движење го најавува Второто Исусово доаѓање за 22 октомври. Бидејќи Исус не се појавил, овој настан е познат како Големо разочарување. 1844: Персискиот пророк Баб го основа бабизмот. Се смета за претходник на Бахаула, основач на бахаизмот. 1844: Доминиканска војна за независност против Хаитиј. 1845: Обединување на Кралството Тонга под Тауфахау (крал Џорџ Тупу I) 1845–1849: Глемиот глад во Ирска доведува до масовна емиграција. 1846–1848: Со Американско-мексиканската војна Мексико зазема голем дел од територијата на денешниот југ на САД. 1846–1847: Мормонска миграција кон Јута. 1847–1901: Јукатанска војна на кастите. 1848: објавен Комунистичкиот манифест. 1848: Револуции 1848-1849 ширум Европа 1848—1858: Калифорниска златна грозница

1850-ти мини|Јуриш на лесната коњица во текот на Кримската војна 1850: завршило Малото ледено време. 1851–1860: Викториска златна грозница во Австралија 1851–1864: Револуција на големиот мир во Кина – се смета за најкрвав судир на векот. 1854: со Кангавската конвенција Јапонија официјално го укинува сакокуто. 1854–1856: Кримска војна меѓу Франција, Обединетото Кралство, Османлиското Царство и Русија 1855: Бесемеровиот процес овозможува масовно производство на челик. 1856: првата рафинерија за нафта на светото отворена во Романија 1857–1858: Индиски востание 1859: објавено За потеклото на видовите.

1860-ти мини|Првиот брод плови низ Суецкиот Канал 1861–1865: Американска граѓанска војна меѓу Унијата и отцепената Конфедерацијата 1861: Руската либерална реформа ги ослободува кметовите. 1861–1867: Француско-мексиканска војна 1862–1877: Дунганска побуна на северозапад на Кина. 1863: после основањето Црвениот крст ја усвојува Првата женевска конвенција 1864 година. 1863–1865: Полско востание против Руската Империја. 1864—1866: Шпанско-јужноамериканска војна - шпански обид да ги поврати бившите колонии. 1864—1870: Парагвајската војна ги окончува парагвајските амбиции за ширење. 1865—1877: Реконструкција во [САД. 1866: успешно воспоставување на прекуокеанска телеграфска врска после неуспехот во1858 година. 1866: Австриско-пруската војна се завршува со распад на Германскиот Сојуз и создавање Северногермански Сојуз и Австроунгарска двојна монархија. 1866. — 1868: Голем фински глад. 1866—1869: после Меиџи обновата, Јапонија започнува со програма за брза модернизација. 1867: САД ја купуваат Алјаска од Русија. 1867: се формира Канадската Конфедерација. 1869: отворена прва прекуконтинентска железница во САД. 1869: Суецкиот Канал ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море.

1870-ти мини|150п|Александар Грејам Бел користи прототип на телефон 1870—1871: Француско-пруската војна се завршува со создавање на Германското Царство и обединување на Италије, со колапс на Второто Француско Царство, со кршење на Британскиот мир и појава на Новиот империјализам. 1871. — 1872: гладот во Иран предизвикал смрт на 2 милиони луѓе. 1871. — 1914: Втора индустриска револуција 1870-ти-1890-ти: Големата економска криза во Западнај Европа и Северна Америка. 1872: основан е националниот парк Јелоустоун. 1873: објавена е Максвеловата Студија за електрицитетот и магнетизмот. 1874: распуштање на Британската источноиндиска компанија. 1874. — 1875: Прва шпанска република. 1875. — 1900: 26 милиона Индијци умираат од глад. 1876: Бугарско априлско востание против Османлиското Царство. 1876 — 1879: 13 милиони луѓе умираат од глад во Кина. 1876 — 1914: масовна експанзија на популацијата, териториите, индустријата и добрата во САД наречено Позлатено време. 1877: Големиот штрајк на железницата во САД се смета за прв национален штрајк на работниците.