Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Горобинци; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во селото Горобинци, во состав на истоименото училиште од градот Свети Николе, Општина Свети Николе.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа на сретселото.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Во училиштето се изведува настава во една смена со 5 паралелки за одделенска настава и 4 паралелки за предметна настава.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Свети Николе Горобинци Категорија:Горобинци