Далтабан Мустафа Паша османлиски државник кој бил голем везир четири месеци и дваесет дена од 4 септември 1702 година до 24 јануари 1703 година.
Живот Тој е роден во Битола. Според изворите неговото потекло било српско. Тој како дете растел кај Кара Ибрахим-паша. Кога Кара Ибрахим-паша бил голем везир во 1684 година, тој бил член на царскиот совет. Подоцна бил назначен за џебеџи, а во 1691 година станал јаничарски ага.
Подоцна станува и везир и станал член на гардата Бабадаќ. Исто така бил и назначен за управител на Анадолија во 1695 година, а во 1696 година и на Дијарбакир. За време на неговиот воен поход во Австрија, тој бил разрешен од службата како везир во Софија поради жалбите за неговите злосторства и бил протеран во Почитељ, Босна. По зголемувањето на непријателските напади на Босна, во 1697 година, повторно станува везир и е назначен за сераскер на Босанскиот фронт. Тој го одвратил непријателсните напади и ја одбранил Босна. Во 1698 година, тој бил назначен за управител на Рака. Во 1699 година, тој бил назначен за управител на Багдад. Повторно ги зазел Басра и Курна од бунтовничките сили и истите целосно ги отстранил. По овие достигнувања, тој повторно се враќа како управник на Анадолија.
На 4 септември 1702 година, тој го заменува Амџазаде Ќопрулу Хусеин-паша, кој се повлекол поради болест. Далтабан Мустафа Паша бил назначен за голем везир благодарение на шеик ел ислам Фејзула Ефенди кој бил учител на султанот Мустафа II.
Далтабан Мустафа-паша сфатил дека ако сака да остане голем везир ќе треба да ги следи наредбите на Фејзула Ефенди. Султанот Мустафа II одбивал да го прифати новиот голем везир сè додека истиот не бил на разговор со шеикот ел ислам. Тој посакувал секоја од политиките на државата и владата да ги спроведе мислењата и идеите на Фејзула Ефенди.
Иако Далтабан Мустафа-паша да ги следи наредбите на Фејзула Ефенди, сепак тој не бил прифатен од другите државни службеници бидејќи бил обичен граѓанин и не ги разбирал случувањата на дворот и бил многу строг и груб. Дури и султанот почнала да му смета оваа грубост.
Далтабан Мустафа-паша бил разрешен од службата на 24 јануари 1703 година поради тоа што сторил кривично дело провокација на Кримскиот хан против султанот и бил погубен само три дена подоцна
Поврзано Список на отомански големи везири
Наводи
Uzunçarşılı, İsmail Hakkı (1956), Osmanlı Tarihi IV. Cilt I. Bölüm Karlofça Anlaşmasından XVIII. Yüzyılın Sonuna Kadar, Ankara: Türk Tarih Kurumu Yayınları Say.17-19 Danişmend, İsmail Hami (1971), Osmanlı Devlet Erkânı, İstanbul: Türkiye Yayınevi, say..
Категорија:Родени во непозната година Категорија:Паши Категорија:Починати во 1703 година Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 18 век Категорија:Отомански управители на Дијарбекир Категорија:Починати во Истанбул