Зелце () — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 10 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.

Географија Местоположба

Градот се наоѓа помеѓу реката Лајне, Средногерманскиот Канал и Страничниот Канал Хановер-Линден. Сместен е на железничките линии Бремен-Хановер и Хановер-Минден.

Градски единици

Градот се состои од обата дела Зелце (градското јадро) и Летер (станбената област Летер-Зид), како и местата: Алмхорст, Дедензен, Детеберг, Гимер, Харенберг, Кирхверен, Латверен, Лонде и Фелбер.

Јужно од градот се гради поголема област Зелце-Зид (1.207 жители, состојба 31.7.2020).

Соседни општини

Зелце се граничи со Гарбзен, Хановер, Герден, Барзингхаузен и Вунсторф (почнувајќи од север, надесно).

Музеј

Локалниот музеј и музејот за локална историја (Heimatmuseum Seelze) се наоѓа во фахверк градба од 1856 година во градскиот дел Летер. Музејот ја прикажува историјата на Зелце и останатите негови делови, интеграцијата на повратниците од поранешните германски територии, кои сега припаѓаат на Полска и Русија, како и историјата на товарната станица Зелце. Околу трипати годишно се прикажуваат посебни изложби. Во постојаната поставка може да се види чевларска работилница од 1930 година, берберница од 1920 година, училиште од 1900 година и дневна соба од истата година.Страница на музејот

Сообраќај Железнички

Зелце и неговите делови имаат три станици на Хановерската С-Железница: Летер, Зелце и Дедензен/Гимер, сите на линиите С1 и С2.

Товарната станица Зелце е важна станица во Германија. Поседува 51 колосек, 6 главни пруги и работилници за вагоните и електричните локомотиви, во должина од 6 километри. Со повеќе од 200 воза дневно, станицата е една од најголемите во Германија.

Политика Градски совет

Градскиот совет на Роненберг се состои од 39 членови.

На изборите на 11 септември 2016 година бил избран следниов состав:

Партија/Листа Места SPD 16 места CDU 12 места Зелени 3 места FDP 2 места Левица 2 места Граѓански форум 3 места Независен 1 место

Градоначалник

Градоначалник на градот Зелце е Детлеф Шалхорн (независен).

Збратимени градови

Зелце е збратимен со следниве градови:

Гран-Курон, Франција (од 1969 г.) Шкојдиц, Германија (од 1990 г.) Мосина, Полска (од 2000 г.)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хановер (регион)