Црква — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Киселица. Претставува средновековна црква со некропола. Помеѓу месностите Скоруша и Градиште се гледаат урнатини од стара црква, а околу црквата гробови од камени плочи. Според кажувањето на мештаните, во гробовите имало керамички садови и бронзен накит.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 195, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — градиште од доцната антика; Селиште — населба од доцната антика; Собориште — населба од доцната антика; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи