Ограѓе — археолошко наоѓалиште во штипското село Горачино. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола. Од левата страна на патот, пред самиот влез во селото, во нивите на четворица жители, со земјоделските работи биле откриени остатоци од темели на објекти. По целата површина, која зафаќа простор од 1 хектар, има фрагменти од тегули и кршен камен. Во северниот крај на теренот се гледаат темели од мала црквичка и околу неа гробови со конструкции од камени плочи. Покрај нив се наоѓаат и денешните гробишта.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горачино — депо на монети од римското време; Горачино; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Горачино