Гробишта — археолошко наоѓалиште во штипското село Пенуш. Претставува средновековна црква со некропола. Среде село, на зарамнето плато со површина со 80 × 20 м има гробови со конструкции од камени плочи, поставени во правец запад-исток. Северно од нив се гледаат урнатини од темели на црквичка со димензии 10 × 6 м. Во 1950 година, во времето на изградбата на задружниот магацин, биле раскопани и уништени повеќе гробви поставени во 3 хоризонтални реда, градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Пенуш; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Пенуш