Шехзаде Ќазим (; роден во во Цариград – починал на година во Цариград) — отомански принц, син на султанот Ахмед I и неговата сопруга Ќосем султан.

Животопис

Ќазим се родил во 1614 година како трет син на отоманскиот султан Ахмед I и Ќосем султан. Негова сестра-близначка била Атике султан. По смртта на својот татко во 1617 година, кога тој имал три години и по стапувањето на престол на неговиот чичко Мустафа, тој заедно со неговите браќа бил ставен во кафез под постојан надзор од страна на евнусите на палататаKlaus Kreiser: Der osmanische Staat 1300–1922. München 2001, S. 1.John Freely: Inside the Seraglio: Private Lives of Sultans in Istanbul (Tauris Parke Paperbacks) Paperback – December 30, 2016., каде се задржал до доаѓањето на неговиот брат Мурат на престолот.

Според турскиот историчар Неџдет Сакаоглу, за време на хаотичното владеење на Мурад IV, Ќазим го криел и го штитил својот помлад брат Ибрахим во тајните делови на палатата прикажувајќи го како невин и неспособен.

Смрт

За време на прославите на османлиската победа во Ериван во 1635 година, неговите браќа Бајазит и Сулејман биле погубени, оставајќи го Ќазим како наследник на османлискиот престол.

На 17 февруари 1638 година, Ќазим бил преплашен да не предизвика сомнеж дека има претенции кон престолот. Така, тој бил целосно смирен кога се претставил пред Мурад за да му оддаде почит и да му посака успех во неговата експедиција за повторно освојување на Багдад. Мурад ги прифатил желбите на Ќазим, а потоа истиот ден Мурад наредил негово погубување. Наводи

Категорија:Отоманска династија Категорија:Отоманци од 17 век Категорија:Отомански Турци Категорија:Луѓе од Истанбул Категорија:Претенденти за отоманскиот престол Категорија:Погубени Отоманци Категорија:Луѓе од Цариград