мини|Куќи на улицата Јунион. мини|Италијански рибари поправаат мрежи на пристаниште покрај улицата Јунион во Сан Франциско. Кајчиња се наредени по пристаништето и чекаат на поправки и фарбање, околу 1891 година. Улицата Јунион () е улица во правец исток-запад во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Почнува близу кејот Ембаркадеро, има мал прекин на ридот Телеграф и продолжува покрај улицата Монтгомери. Поминува низ Рашан Хил и пазарната област во Кау Холоу, завршувајќи во Президио. Според одредени извори, улицата Јунион е границата меѓу Кау Холоу на север и Пацифик Хајтс на југ.

Оваа улица е единствената која дозволува двонасочен сообраќај во правец исток-запад низ целиот Рашан Хил. Останатите улици се или еднонасочни или имаат прекини во населбата. Поради ова низ неа поминуваат МЈУНИ линиите 41 и 45.

Наводи

Категорија:Улици во Сан Франциско