Беџанскиот (Bidhaawyeet) е афроазиски јазик, дел од групата на кушитски јазици. Јазикот се зборува на западниот брег на Црвеното Море и е мајчин јазик на Беџанците. Овој јазик го зборуваат околу 1 милион Беџанци во Египет, Судан и Еритреја. Името потекнува од арапскиот назив за народот, а ентонимот е „бидавјет“ (нечленувано) или „тубдави“ (членувано).
Класификација Голем број јазичари го сметаат беџанскиот како кушитски јазик и воедно единствен член од севернокушитскаѕа подгрупа. Така, беџанскиот има уникатни јазични структури од кушитска гледна точка. Вакви уникатни јазични одлики се забележуваат и кај други помали јазици од другите подгрупи, но јазичарите сметаат дека тоа е нормална варијација во рамките на структурната распределеност на јазиците.
Овие уникатни одлики на беџанскиот создале двоумење кај некои јазичари при класификацијата на афроазиските јазици. Така на пример, Роберт Хецрон тврди дека беџанскиот всушност создава своја засебна гранка во афроазиското јазично семејство. Овој предлог е отфрлен од другите јазичари кои се занимаваат со афроазиските јазици. Денес останува прифатлица класификацијата на беџанскиот како севернокушитски јазик.
Фонологија +Согласки двоуснени усно-запчени запчени ретрофлексни преднонепчени заднонепчени грленирамнилабијализирани носни () () () експлозивнибезвучни звучни b d струјнибезвучни () звучни()вевни приближни
Беџанскиот има пет самоглакси: /a/, /e/, /i/, /o/, и /u/. /e/ и /o/ се само долги, додека /a/, /i/, и / u/ имаат и долга и кратка верзија.
Писмо За јазикот се користат и латиницата и арабицата. Подолната латиница е формата која ја користи владата на Еритреја и се користи за програмите за писменост во Порт Судан, Универзитет на Црвеното Море. Има повеќе арапски верзии за пишување на јазикот, но ниту една не е широко прифатена. Подолната верзија се користела на мрежни страници.
+согласкиМФАʔbdɖfgɣgʷhɟkkʷlmnrsʃtʈwxjлатиница'bddhfgghgwhjkkwlmnrsshtthwkhyарабицаءبدڈفقغقْوهجككْولونرسشتٹوخي
Наводи
Литература
Надворешни врски Sakanab - Bidhawyet Klaus Wedekind - Linguistics
Категорија:Кушитски јазици Категорија:Јазици во Судан Категорија:Јазици во Еритреја Категорија:Јазици во Египет