Дахалскиот (numma guhooni) е афроазиски јазик, дел од подгрупата на кушитски јазици. Јазикот денес го зборуваат околу 400 Дахалци, што го прави јазикот загрозен и е под опасност од исчезнување. Јазикот се зборува на брегот на Кенија, во близина на устието на реката Тана. Овој јазик е невообичаен во јазичиот свет поради тоа што ги користи сите четири механизми за проток на воздухот при говорот. Местоположбата на јазикот во рамките на кушитските јазици не е дефинирана со сигурност.

Овој поим „дахало“ е егзоним и се користи во научната јавност, поим кој го користеле Аверите и значи „безначаен“.STILES, D. (1982). A HISTORY OF THE HUNTING PEOPLES OF THE NORTHERN EAST AFRICA COAST: Ecological and Socio-Economic Considerations. Paideuma, 28, 165-174. Retrieved from www.jstor.org/stable/41409881 Јазикот всушност се нарекува „нума гухони“ (numma guhooni).

Статус Дахалците порано биле ловци на слонови и биле расштркани покрај брегот на Источна Африка и измешани со разните Банту-народи и Свахилите. Немале свои постојани населени места и често се двојазични. Децата денес повеќе не зборуваат на дахалски, туку на дргугите подоминатни јазици, најмногу свахилски. Така, јазикот е под опасност од исчезнување.

Фонологија Согласки Дахалскиот има голем број на согласки. Мадисон (1993) наведува вкупно 62 согласки за јазикот, а Тоско (1991) наведува 50. Во прилог 50-те согласки на дахалскиот:

двоусниуснено-запчени венечни задновенечни преднонепчени заднонепчениголтничка гласилна рамнојазична врвнојазична лабијализирана рамна лабијализирана носна носначкрапава (1) рамна гласилизиранаексплозивна рамна безвучна звучна исфрлувачка имплозивна пренасализирана безвучна звучна струјна рамна безвучна звучна исфрлувачка странична исфрлувачка пренасализирана безвучна звучна шумлива централна   странична приближна вевна 1Забните чкрапави согласки најчесто се пишуваат како /ǀ/, но може да се замешаат со /l/. Поради читливост се користи /ʇ/.

Самогласки Дахалскиот има пет самогласки кои имаат и кратка и долга форма:

предни задни високи средни ниски

Чкрапави согласки Дахалскито е еден од неколкуте јазици надвор од Јужна Африка кои имаат чкрапави согласки. Чкрапавите согласки не се по потекло кушитски и може се остаток од поранешни влијанија на други јазици. Тен Ра дава докази дека Дахалците во минатото зборувале и на јазик сличен на сандавејскиот (кој има чкрапави согласки) и можеби денешните се остаток од таа јазична замена.Ten Raa, E. (1969). "Sanye and Sandawe: A common substratum?" African Language Review 8, 148–155. Ова може да ја објасни појавата што чкрапавите согласки се појавуваат само во обични секојдневни предмети.Sands, Bonny & Tom Güldemann (2009). "What click languages can and can't tell us about language origins". In Botha, Rudolf & Chris Knight (Eds.), The Cradle of Language, pp. 213–15. Oxford.

Наводи

Надворешни врски Свадешов список за дахалскиот

Категорија:Кушитски јазици Категорија:Јазици во Кенија Категорија:Загрозени јазици во Африка