Кејли Вонг (, р. година во Јуџин, Орегон, САД) е поранешен лајнбекер во Националната Фудбалска Лига (НФЛ) на САД. Тој е сопственик на Атлетската Соба () во Хјустон, Тексас, САД. Вонг беше регрутиран од Бил Валш и играше на универзитетско ниво за Стенфордовиот универзитет. Беше избран за сѐ-американскиот тим.

Вонг беше избран за Минесотските Викинзи во втората рунда на НФЛ изборот во 1998 година. Во 2000 година, постигна 134 соборувања—највисокиот број на соборувања во својата кариера. Во 2001 година, го пресретна Брет Фавре да постигне тачдаун. Вонг самостојно потпиша со Хјустонските Тексасци во 2002 година, каде играше до своето пензионирање во 2006 година.

Вонг има предци од Хаваи и Кина по таткова линија, а е од европско потекло по мајчина линија. По пензионирањето од американски фудбал, Вонг работеше како брокер со опции за природен гас во Ион Енерџи Груп во Хјустон.

Наводи

Категорија:Американци Категорија:Американски Азијати Категорија:Американци со кинеско потекло Категорија:Американски играчи на американски фудбал Категорија:Апсолвенти на Стенфордовиот универзитет Категорија:Луѓе од Јуџин (Орегон) Категорија:Живи луѓе