Меѓународното училиште „Дирубај Амбани“ (ДАИС, од ) е приватно училиште во Мумбај, Махараштра, Индија за ученици од двата пола. Училиштето беше изградено од „Релајанс Индустрис“ и е именувано во чест на поранешниот патријарх на конгломератот, Дирубај Амбани. Основано во 2003 година, училиштето од почетокот ја нуди програмата за Меѓународна матура. Нита Амбани е претседавач со училиштето.
Училиштето покрај програмата за Меѓународна матура, ги нуди и програмите за Индиски сертификат за средно образование и Меѓународен општ сертификат за средно образование.
Надворешни врски
Официјално мрежно место на училиштето: https://www.dais.edu.in/
Наводи
Категорија:Меѓународни училишта во Индија Категорија:Приватни училишта во Индија Категорија:Училишта со програмата за Меѓународна матура