Славчо Темелковски (роден 17 октомври 2000) — македонски кошаркар. Тој игра на позицијата центар во Феникс 2010.

Младинска кариера На 4 јуни 2018 година, Темелковски бил именуван за Најкорисен играч на завршниот турнир под 18 години во Салата Градски Парк во Скопје. Во финалето тој остварил 28 бода и 20 скокови, во победата од 93:69 против екипата на МЗТ Аеродром.

Сениорска кариера Сениорската сезона ја започнал во КК Работнички во сезоната 2017/18. Тогаш во првиот состав на Работнички бил вклучен до крајот на март, односно до завршувањето на првата фаза на првенството. Следната сезона ја започнал во Работнички, но на полусезоната се преселил во Вардар. Во сезоната 2019/20, Славчо останал во Вардар. Таа сезона, тој затекнат со прекин на сезоната поради COVID-19 пандемијата во земјата и светот. За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор, со можност плус една година, со Академија ФМП.

Успеси

Титули Работнички (под 18 години) Прва македонска лига (1) : 2017/18

Признанија Најкорисен играч на завршниот турнир на сезоната 2017/18 под 18 години Почесно споменување во сезоната 2019/20

Наводи

Надворешни врски Профил на Славчо Темелковски на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Македонски кошаркари Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК Вардар Категорија:Кошаркари на КК Ангели