„Пипи Долгиот Чорап“ (шведски: Pippi Långstrump) — роман за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, издаден во 1945 година. Книгата е преведена и објавена на повеќе од 90 јазици.
Содржина Романот се состои од 25 глави:Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Силсонс, 2003. Прв дел: Пипи доаѓа во вилата Вилекула Пипи доаѓа во вилата Вилекула Пипи сака да истражува, но запаѓа во тепачка Пипи ја бркаат полицајците Пипи оди на училиште Пипи не може да седи на едно место Пипи оди на излет Пипи оди во циркус Пипи ја посетуваат крадци Пипи е поканета на гости Роденденската забава на Пипи Втор дел: Пипи се враќа на бродот Пипи пазарува Пипи и бродоломот Пипи има посета Пипи се простува Обидот на Пипи да се врати на море Трет дел: Пипи го открива зборот „спунк“ Пипи го открива зборот „спунк“ Пипи ја испрашуваат во училиштето Пипи не знае да чита Пипи конечно заминува со „Хопетоса“ Пипи доаѓа на островот Пипи во борба со ајкулата Пипи и разбојниците Бегството на Јим и Бук Пипи заминува од островот Пипи не сака да порасне
За делото Според зборовите на авторката, романот „Пипи Долгиот Чорап“ настанал сосема случајно, кога нејзината болна ќерка Карин побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи Долгиот Чорап, девојче кое го измислила таа. Бидејќи Карин и другите деца што ги слушале приказните барале Астрид Линдгрен да им раскажува сè повеќе за Пипи, еден ден, таа седнала и почнала да ги запишува приказните. Притоа, бидејќи името на девојчето било необично, Линдгрен одлучила да создаде необично девојче кое се разликува од сите други деца.„Белешка за авторот“, во: Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 209.
Изданија на македонски јазик Книгата „Пипи Долгиот Чорап“ е објавена и на македонски јазик. Издание на „Силсонс“ од 2003 година, во превод на П. Димитрова; книгата е отпечатена во печатницата Графостил од Скопје, во тираж од илјада примероци; ликовно-графичкото обликување го извршил Зоран Димитриоски; јазичната редакција ја направила Елена Николовска; компјутерската подготовка на текстот ја направил Миле Грашкоски; книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-933-47-2. Издание на Просветно дело, Редакција „Детска радост“ од 2004 година во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“), во превод на Радмила Џартовска; книгата е отпечатена во печатницата „Коста Абраш“ од Охрид; дизајнот и ликовно-графичкото уредување го направил Жарко Туниќ; автор на илустрациите е Димитар Божиков; лектурата и коректурата ги направил Дениз Тесторидес; книгата има 212 страници со обем од 20 сантиметри; таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-605-2.Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
Наводи
Категорија:Дела на Астрид Линдгрен Категорија:Книги од 1945 година Категорија:Шведски романи Категорија:Романи за деца Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Силсонс