Торуњ (, ) — град во северна Полска, на реката Висла. Од 1999 г. претставува едно од двете на седишта на Кујавско-поморското Војводство. Има војводското собрание и извршни органи, на чие чело стои маршал. Градот воедно е седиште на сопствениот градски Торуњски Округ. Иако е главно седиште на област, тој има своја посебна администрација. Во 2019 г. населението броело 201.447 жители

Историја Пред да стане седиште на денешното, бил главен град на поранешното Торуњско Војводство (1975-1998), а пред тоа на Поморското Војводство (1921-1939). Познат е првенствено како родно место на научникот Никола Коперник.

Торуњ е еден од најстарите и најубавите историски градови во Полска. Населен е уште од VIII век, а како град основан е од членови на Тевтонскиот ред во XIII век. Стариот дел на градот е заштитен како светско наследство на УНЕСКО од 1997 г.

Поврзано Кетедрала „Св. Јован Крстител и Јован Богослов“ — познато верско здание во градот Прв торуњски мировен договор Втор торуњски мировен договор „Торуњ“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 269.

Наводи

Надворешни врски

Портал на Торуњ Торуњ на Википатување

Категорија:Градови во Кујавско-поморското Војводство Категорија:Градски окрузи во Полска Категорија:Ханза