Основно училиште „Димитар Македонски“ (службено: Основно општинско училиште „Димитар Македонски“ - Аеродром; скратено: ООУ „Димитар Македонски“) — основно училиште во скопската населба Лисиче, Општина Аеродром.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски преродбеник, просветен деец и учебникар Димитар Македонски.

Историја

Училиштето е основано во 1964 година со Решение бр. 279 на Собранието на Општина Кисела Вода, по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Првичниот назив на училиштето било ОУ „Сава Ковачевиќ“ според југословенскиот партизан и народен херој Сава Ковачевиќ. Училишната зграда во јуни 1964 година била во изградба и била завршена истата година, како донација од Република Франција.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Аеродром Лисиче Категорија:Појавено во 1964 година во Македонија Категорија:Лисиче (населба во Скопје) Категорија:Основни училишта во Македонија