Слон — археолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува населба од бронзеното време.

Местоположба

мини|300п|лево|Карпата во облик на слон во чија близина се наоѓа населбата

Наоѓалиштето се наоѓа во подножјето на Маркови Кули, од југоисточната страна, а во непосредна близина на природната карпа во вид на слон.

Опис

На наоѓалиштето се видливи бројни фрагменти од керамика, керамички садови. Во 1965 година се извршени пробни ископувања од помал обем. Материјалот, денес е во Заводот и музеј од Прилеп.

Во постарите културни периоди, како што се неолитот, бакарното и бронзеното време, оваа исклучителна карпа, веројатно била објект на нагласено обожување, како објект со божествено потекло, дом на моќни божества, околу која се одигрувале разновидни процесии и ритуали за придобивање на милоста на натприродните суштества, кои владееле со природните сили и духовниот свет. Дел од големиот број издлабени правоаголни и трапезоидни објекти, веројатно претставувале своевидни садови (реципиенти), кои служеле за дамнешните култно-религиски активности. Ова, особено, важи за трите такви садови од северната страна на објектот, кои биле изработени во негова непосредна близина, а до нив води карпеста патека, која тргнува од самото подножје на ритчето на кое се наоѓа „Слонот“. Дека околу оваа карпа се развила населба во бронзеното време потврдуваат и археолозите, но присуството на разновидни археолошки материјали, меѓу кои и такви кои потекнуваат од постарите периоди, може да се констатира дека карпата има многу старо култно потекло.,ЗАШТИТА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОПШТИНА ПРИЛЕП,

Поврзано Бревчина — населба од римското време; Заград — населба од железното време; Кабања — населба од римското време; Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време; Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време; Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време; Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време; Маркови Кули — средновековна тврдина; Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време; Падарница — некропола од римското време; Под Кули — некропола од хеленистичкото време; Попадин Дол — некропола од железното време; Св. Атанас — осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола; Св. Варвара — средновековна црква; Св. Врач — средновековна црква; Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Св. Ѓорѓија — средновековна црква; Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Петар — осамен наод од римското време; Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква; Светец — некропола од бронзеното време; Сивастоец — средновековна некропола; Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба; Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Црква 14 — средновековна црква; Црква 15 — средновековна црква; Црква 16 — средновековна црква и некропола; Бањиште — праисториска населба и античка бања; Бегова Нива — некропола од железното време; Куќа на Цилкоски — гроб од железното време; Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век; Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште; Песјобрдце — доцноантичка населба; Роклејца — доцноантичка населба; Варош; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Варош