Основно училиште „Единство“ (официјално: Основно општинско училиште „Единство“ - Октиси; скратено: ООУ „Единство“) — централно основно училиште во струшкото село Октиси, Општина Струга.

Училиштето е именувано по југословенското мото братство и единство.

Местоположба

Училиштето се наоѓа на патот помеѓу селата Октиси и Вевчани.

Историја

Основното училиште наставата ја изведува најмногу на македонски јазик, но сепак некои од родителите имаат побарано нивните деца да учат на албански јазик. Како резултат на тоа се одвива настава на албански јазик на прво до петто одделение.

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Единство“ се наоѓа и подрачното основно училиште од прво до петто одделение: Подрачно основно училиште „7 Март“ во село Долна Белица

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Категорија:Октиси Категорија:Училишта посветени на Единство Категорија:Основни училишта во Македонија