Борјанчо Мицевски (Крива Паланка, — Крива Паланка, ) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Крива Паланка од 2017 година до 2021 година. Негов наследник бил Сашко Митовски.Податоци за градоначалник
Биографија
Основно и средно образование завршил во родниот град Крива Паланка, а ПМФ во Скопје, во 1996 година.Биографија на Борјанчо Мицевски По дипломирањето работел на повеќе работни позиции: бил в.д директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, член на Советот на Општина Крива Паланка, и друго. Градоначалник на Општина Крива Паланка станал на локалните избори во 2017 година, како кандидат на СДСМ. На локалните избори во 2021 година Мицевски бил поразен и Сашко Митовски станал градоначалник. На 24 ноември 2024 година заради здраствени причини Мицевски починал. Истиот ден, Венко Филипче, новиот водач на СДСМ, најавил на Фејсбук за смртта на Мицевски.
Наводи
Категорија:Градоначалници на Општина Крива Паланка Категорија:Луѓе од Крива Паланка Категорија:Починати во Крива Паланка Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Македонски политичари