Нишки санџак бил административна единица на Османското царство од 15 век до 1878 година. Во почетокот бил во состав на Румелискиот Вилает. Границите му се менувале, а повеќепати бил укинуван и повтоно основан. Во 1846 година бил издигнат во ранг на вилает (административна единица од прво ниво). После 18 години постоење Нишкиот пашалук бил укинат, а неговата територија била прво припоена кон Дунавскиот вилает, потоа кон Призренскиот и на крај кон Косовскиот Вилает.
Последните неколку години, Нишкиот санџак се состоел од следните кази: Нишка, Пиротска, Лесковачка, Врањска, Куршумлиска, Прокупачка и Трнска (денес Бугарија).
Извори
Литература
Категорија:Санџаци на Отоманското Царство во Европа Категорија:Санџаци во Румелискиот Вилает Категорија:Држави и територии распаднати во 1878 година