Сибила Алерамо (, родена како Марта Феличина Фачо, (, - , ) — италијанска феминистичка писателка и поетеса, најпозната по нејзината Автобиографија во која пишувала за животот на жената кон крајот на 19 век во ИталијаSibilla Aleramo.

Живот и кариера Алерамо била роден како Марта Феличина Фацио (а.к.а. „Рина“) во Алесандрија, Пиемонт а израснала во Милано. На 11 години, таа се преселила со семејството во Цивитанова Марче , каде нејзиниот татко бил назначен за директор на фабрика за стакло. Не можејќи да го продолжи своето образование надвор од основното училиште, Алерамо продолжила да студира самостојно. Додека била вработена во истата фабрика каде работела нејзиниот татко, била силувана од човек кој подоцна станал нејзин сопруг, бракот траел една година, од кој го имала својоето единствено дете ВалтерA Woman by Sibilla Aleramo. Во 1906 година бил објавен нејзиниот прв роман, „Една Жена“, хроника за одлука на жената да го напушти нејзиниот брутален сопруг. Исто така, таа започнала да биде активна во политичките и уметничките кругови, особено кај футуристите. Во тие години, таа имала бројни љубовни афери.

Во 1908 година, ,таа стапила во љубовна врска со „Лина“. Двете жени започнале врска, подоцна раскажана во романот „Премин“ ,1919.

Во следните години Алерамо станала една од водечките феминистки во Италија. Во 1925 година го поддржала Манифестот на антифашистичките интелектуалци. Подоцна Алерамо многу патувала а бил активна во комунистичкото движење по Втората светска војна. Во 1948 година учествувала на Светскиот конгрес на интелектуалци за одбрана на мирот во ВроцлавSibilla Aleramo, Rome.

Алерамо починала во Рим на 83-годишна возраст.

Наследство Животот на Алерамо бил значаен поради нејзината трагична траекторија како самостојна жена и уметник и како поединец која живеела низ различни историски случувања (Либерална Италија, фашизам, Втора светска војна, доаѓање на италијанската Република) и секогаш одржувајќи културни и политичка присутност. Нејзината лична преписка со Полети, во последниве години, се изучува заради нивниот отворен поглед за хомосексуалните односи. Поточно, првата книга на Алерамо, „Една жена“, се смета за класика на италијанската литература, а прв отворено феминистички роман напишана од италијански авторAleramo.

Избрани дела Една жена, 1906 Премин, 1919 Движење и битие, 1921 Моменти, 1921 Преобразби, 1922 Endymion, 1923 Песни, 1929 Повремени задоволства, 1930 Камшик, 1932 Да на Земјата, 1934 Урса малолетничката, 1938 Дневникот на една жена, 1945 Шума на Љубовта, 1947 Помогни ми да зборувам, 1951 Повеќе повремени задоволства, 1954 Светла на мојата вечер, 1956 Писма, 1958)

Наводи

Библиографија Aldrich, Robert and Garry Wotherspoon. Who's Who in Gay and Lesbian History, from Antiquity to World War II. Routledge, London, 2001, Grimaldi Morosoff, Anna. Transfigurations: The Autobiographical Novels of Sibilla Aleramo (Writing About Women). Peter Lang, Bern, 1999,

Надворешни врски via Italian Women Writers database Sibilla Aleramo

Категорија:Италијански писателки од 20 век