Основно училиште „Јоаким Крчовски“ (официјално: Основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ — Крива Паланка; скратено: ООУ „Јоаким Крчовски“) — едно од двете основни училишта во градот Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

Училиштето е именувано по првиот македонски просветител Јоаким Крчовски.

Историја

Училиштето започнало со работа во 1945 година, кога било основано како Неполна гимназија. Во 1953 година станало осумгодишно училиште „Јоаким Крчовски“, а како прв директор бил поставен Левко Арсов.

Организација Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Наставата се изведува во 12 училишни објекти, од кои 3 во градот и 9 во селата. Во подрачните училишта работат и комбинирани паралелки, поради малиот број на ученици.

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Јоаким Крчовски“ се наоѓаат и девет подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Крива Паланка. Овие училишта се: Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Дурачка Река Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Станци Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Луке Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Огут Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Нерав Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Подржи Коњ Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Добровница Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Узем Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Жидилово

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на училиштето

Категорија:Основни училишта во Општина Крива Паланка Крива Паланка Категорија:Основни училишта во Крива Паланка Категорија:Основни училишта во Македонија