„Комплекс „Св. Климент“ “— археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува објекти и црква од старохристијанско време. Се наоѓа на западниот дел од зарамнетото плато на источниот рид во стариот дел на Охрид. Го зафаќа просторот од црквата Св. Богородица Перивлептос (денешната Св. Климент) и непосред ната околина од сите четири страни. Во внатрешноста на црквата (нартексот и надворешната припрата) се пронајдени остатоци од првобитниот трем и основа од постара градба, најверојатно старохристијанска црква. Јужно и источно се пронајдени остатоци од други градби, подвижни наоди и гробни конструкции од средниот век. Археолошки ископувања се вршени во 1960 г. Од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Народниот музеј од Охрид. Поврзано Антички театар — театар од хеленистичкото и римското време; Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време; Видобишта — гробница од римското време; Горно Трново — населба од римското време; Горица — некропола од римското време и средновековна црква со некропола; Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време; Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и од средниот век и старохристијанска базилика; Долно Трново — населба од неолитското време; Козлук — населба од римското време; Карабегомала — храм од хеленистичкото време; Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти; Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време; Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век; Комплекс „Св. Спас“ — осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола; Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век; Кошишта — некропола од хеленистичко, римско време и раниот среден век; Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век; Охрид - Лихнид — Антички град; Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви; Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век; Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола; Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време; Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети; Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола; Хермелеја — населба од римското време; Охрид; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069;

Наводи

Категорија:Охрид