Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Кочо Рацин; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во градот Кратово, Општина Кратово.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.

Историја

Училиштето започнало со работа во 1945 година во една стара училишна зграда во средиштето на Кратово. Поради зголемен број на паралелки и ученици била изградена нова училишна зграда во Царина Маало.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Кочо Рацин“ - Крилатица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Кочо Рацин“ - Секулица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Кочо Рацин“ - Шопско Рударе, поранешно подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Кочо Рацин“ - Шлегово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Кочо Рацин“ - Страцин, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Кочо Рацин“ - Туралево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Кочо Рацин“ - Вакуф, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Кочо Рацин“ - Коњух, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кратово Кратово Категорија:Основни училишта во Кратово Категорија:Основни училишта во Македонија