Забрдо — археолошко наоѓалиште во селото Требеништа во областа Дебрца. Претставува некропола и населба од железно време, хеленистичко време, римско време.
Населба од железното време, населба и некропола од хеленистичкото и римското време инаселба од раниот среден век. Лежи на мала висорамнина испресечена со суводолици, оддалечена околу 1,5 км североисточно од селото. Од источната страна се граничи со планинскиот венец, а од запад со Требенишко Поле. По површината нависорамнината се среќаваат фрагменти од керамички садови од железното, хеленистичкото и римското време. Во западниот дел на наоѓалиштето се откриени гробови од некропола.
Грбиќ М., 1954, 112-114. (В.М., П.К.)Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 277, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Алистрати — средновековна црква и некропола; Дере - Кај Чешмата — населба од бронзеното време; Забрдо — населба од железното време, населба и некропола од хеленистичкото и римското време и населба од раниот Среден век; Св. Мартинија — старохристијански сакрален објект; Требенишко кале — утврдена населба од бронзеното, железното, хеленистичкото и римското време; Црква — раносредновековна некропола; Црквиште — средновековна црква; Требеништа — античка некропола; Требеништа; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Требеништа