мини|Прстите на гајдаџијата се поставени на отворите на гајдарката Гајдарка (гајдурка, гајденица, сурла, клепарка, вражаљка, вигурка) — еден од најважните делови на гајдата: дрвена мелодиска цевка со мал додаток на долниот крај од рожена коска, свиткана за околу 120 степени.
На предниот дрвен дел од гајдарката се издупчени седум мелодиски отвори и еден од задната страна за палецот. Првиот мелодиски отвор, наречен мрморец, и задниот, кои се помали од другите, се издупчени на иста вертикала. Во мрморецот е вовлечено кратко цевче што завршува на половината од вертикалниот отвор на гајдарката. Овие два отвора произведуваат попискав и попродорен тон. На горниот дел од гајдарката е прицврстена писка од трска, која се навлекува во внатрешноста на кожата од гајдата, со намена да произведува звук.
Литертаура Александар Линин. Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 97. Ѓ. М. ЃГајдарка.
Наводи
Категорија:Македонски фолклор Категорија:Гајда Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ