Анто Бабиќ (, кај Травник, - , ) – историчар, редовен член на АНУБиХ и член на МАНУ надвор од работниот состав (од 4 мај 1972).

Животопис Бабиќ е роден во 1899 година во Граховац кај Травник, завршил Филозофски факултет во Загреб во 1923 година, а потоа бил гимназиски професор во Сараево. Како учесник во НОБ, бил член на Претседателството на ЗАВНОБиХ и член на АВНОЈ. По Ослободувањето бил министер за просвета во првата Влада на НРБиХ и потпретседател на Президиумот на Народното собрание на НРБиХ, редовен професор (1950-1970) и прв декан на Филозофскиот факултет во Сараево, редовен член од основањето на Научното друштво на БиХ и на АНУБиХ и прв претседател на Друштвото на историчарите на БиХ. Негова научна специјалност била историјата на средновековна Босна.

Творештво Историја народа ФНРЈ – средњи вијек, Сарајево, 1946; Босански херетици, Сарајево, 1963; Из историје средњовјековне Босне, Сарајево, 1973.

Наводи

Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Членови на Босанската академија на науките и уметностите