Декларацијата на АСНОМ — документ за основните граѓански права во Демократска Македонија. Донесена е на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски”.

Пишувана по примерот на познатите декларации од тоа време, авторството на асномската Декларација му се припишува на еден од секретарите на Президиумот на АСНОМ, воедно и дипломиран правник со докторат од Универзитетот Сорбона во Париз, Владимир Полежиноски.

Содржина лево|мини|Партизанска приредба одржана во с. Белчишта по донесените одлуки на Првото заседание на АСНОМ, август 1944 година. На пропагандниот транспарент е истакната една од заложбите (членот 11) кои произлегуваат од текстот на „Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија“ Декларацијата содржи 11 члена во кои се гарантираат: правото на еднаквост и рамноправност на граѓаните пред законите; обезбедувањето на сите права на слободен национален живот на националните малцинства; правото на слобода во вероисповедта и во совеста; правото на сигурност на имотот, правото на сопственост и на приватна иницијатива во стопанскиот живот; правото на слобода на говорот, на печатот, на собирањето, на договорањето и на слободата при здружувањето; општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање за сите граѓани што се постари од 18 години; правото на жалба против одлуките на органите на власта и правото на молба и поплаки до сите државни власти.

Наводи

Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:АСНОМ Категорија:Појавено во 1944 година во Македонија