Основно училиште „Круме Волнароски“ (официјално: Основно општинско училиште „Круме Волнароски“ - Тополчани; скратено: ООУ „Круме Волнароски“) — централно основно училиште во прилепското село Тополчани, Општина Прилеп.

Училиштето е именувано по македонскиот партизан и народен херој Круме Волнароски.

Местоположба

Училиштето е сместено надвор од селото, на локалниот пат кој води до селото Еднокуќево.

Историја

Училиштето било изградено во 1946 година.

Објект

Училишниот објект е тврда градба. Се загрева со огревно дрво. Располага со 7 училници и 3 канцеларии, како и спортска сала и терен и библиотека.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Круме Волнароски“ - Алинци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Круме Волнароски“ - Беровци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Круме Волнароски“ - Галичани, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Круме Волнароски“ - Загорани, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Круме Волнароски“ - Клепач, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Круме Волнароски“ - Ново Лагово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Круме Волнароски“ - Старо Лагово, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Круме Волнароски“ - Чепигово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Во подрачното училиште во Старо Лагово се изведува настава од I до IX одделение, а во сите други подрачни училишта се изведува настава од I до V одделение во комбинирани паралелки.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Прилеп Категорија:Тополчани Тополчани Категорија:Основни училишта во Македонија