Васко Граса Моура (роден на година во - починал на година во ) — португалски поет, раскажувач, драматург, есеист.
Животопис
Моура е роден е во Порто на 3 јануари 1942 година. Студирал право и бил значајна фигура во јавниот и политичкиот живот на Португалија и Европа. Раководел со најреномираните институции во Португалија, од националната телевија, до институции од областа на културата и уметноста. Но покрај овој дел од неговиот живот, преку своето творештво се вбројува меѓу најреномираните современи португалски поети.
Како поет се прославил со книгата „Модус што се менува“ (1963), по која следеле: Англиска седмица (1965) Декември и други песни (1976) Рецитативи (1977) Инструменти за меланхолијата (1980) Концерт во поле (1993) Семејни сонети (1995) Песни со личностш (1997) Тестамент на вгм (2001).
Како раскажувач ги објавил: Четшри последни песни (1987) Бродолом на Сепулведа (1988) Заминувањето на Софонизба во шест и дванаесет наутро (1993) Смртта на Никој (1998) Љубов моја, ноќе беше (2001).
Како есеист, ги објавил книгите: Луис де Камоеш: неколку предизвици (1980) Повеќе гласови (1987) Портрети на Изабел и други обиди (1994).
Освен тоа, објавил и две пиеси: Смена на момчињата на удар (1987) и Актот на Мофино Мендес (1994); еден дневник: Проживеани околности (1995); три книги хроники: Хартии од дневник (1997), Против Бернардо Соареш и други опсервации (1999) и Страници од Порто (2001); и една книга за деца: Чизмите на наред- никот (2001).
Како преведувач, Васко Граса Моура ги има преведено, меѓу останатите, Шекспир, Рилке, Гарсија Лорка, Валтер Бенјамин и Нов живот и Божествената комедија од Данте Алигиери. За последната ја има добиено наградата Песоа во 1995 година. Добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2004 година.
Наводи
Категорија:Португалски поети