Орлов Дол — археолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Претставува каптажа и водовод од римско време Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069,. Над црквата Св. Спас, на околу 150 м југоисточно, со изведување на градежни работи е откриена каптажа издлабена во карпа. Влезот бил заѕидан, со отвор во горниот дел, затворен со голема плоча. Има засводен ходник долг 10 м, широк 0,75 м и висок 1,80-2 м, ѕидан од делкани камени плочи. Најден е и дел од водоводна инсталација која се спушта кон коритото на реката Отиња. Поврзано Калимерово — населба од доцноантичко време; Марков Камен — некропола од хеленистичко време; Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време; Паскова Чешма — осамен наод од римско време; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ново Село (штипска населба)