Кемер — археолошко наоѓалиште во градот Штип. Претставува тумули од железно време.

На околу 600 м северно од новата населба Баби, на десната страна од патот Штип - Стар Караорман има издолжен гребен од кој се отвора широк поглед кон коритото на Брегалница и наоѓалиштето Горно поле – Балабаница. На него се наоѓаат два тумула со приближно исти димензии, високи 1,5 м и со пречник во основата од околу 17 м, оддалечени еден од друг околу 30 м. Тумулите се доста оштетени и развлечени со земјоделските работи, пред сè со длабокото орањеКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069,Штип.

Поврзано Астибо - Стар Конак — населба од римското време; Бабите — тумули од железното време; Исар — средновековна тврдина; Кемер — Аквадукт од римското време; Св. Архангел Главатов — средновековна црква; Св. Власиј — средновековна црква; Св. Илија — средновековна црква; Св. Јован Крстител — средновековна црква; Трговски Центар — рудник од римското време; Тузлија — некропола од римското време; Штип; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Штип