Бандера — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува каструм од римско време,Штип.
Претставува висок рид што се издига на западната страна над селото, на десниот брег на Козјачка Река. Со својата положба доминира над рамнината кон селата Карбинци и Аргулица. На врвот има издолжено плато поставено во правец северозапад-југоисток, на југоисточниот крај малку подигнато и опкружено со стрмни падини. Во 1967/68 година Народниот музеј од Штип извршил пробно ископување отворајќи неколку мали сонди на повеќе места (В. Санев). Пронајдено е дека по целата должина на северниот раб на висорамнинката има остатоци од темели на бедем широк 2 м, ѕидан од речен камен и варов малтер. На југозападната страна, која е поблага иразорана, траги од бедемот не се зачувани. Значајно е тоа што на северозападниот крај на висорамнинката се откриени остатоци од темели на ѕидови, високи 1 ми широки 0,70 м, ѕидани од кршен камен и варов малтер, од мал четвртест објект со димензии од 4 × 4 м. Со оглед на карактерот на наодите, се работи за светилиште посветено на божества од грчко-римскиот пантеон. Поточно, во нивото на подот, кој бил од набиена земја, се најдени триесетина фрагменти од мали ex voto плочки од мермер со претстава на Зевс и Хера, Тракиски коњаник, Херакле и Асклепиј, изведени во плиток релјеф. Сите се со имиња на дедиканти од тракиско потекло или тракизирани латински имиња, клепани со грчко писмо. Според иконографијата, уметничката изведба, лигатура та кај буквите и слично, датирани се меѓу крајот на II и крајот на III век. Светилиштето, а можеби и бедемот, било разурнато во првата половина на IV век. На падините на Бандера, а особено во нивите околу подножјето се наоѓаат римски тули, питоси, така што сите заедно претставувале дел од населбинскиот комплекс на античкиот град Баргала. Наодите се чуваат во Завод и музеј (Штип). Поврзано Бандера — каструм од римското време; Баргала - Кале — Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време - епископски центар; Кадин Рид — осамен објект од римското време; Лскач — вила рустика од доцноантичкото време; Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време; Турски Гробишта — објект од римското време; Козјак; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Козјак (Штипско)