мини|Статуата на Ангелот истребувач Ангелот истребувач (шпански: Еl ángel exterminador) - мексикански филм од 1962 година, во режија на Луис Буњел, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Силвија Пинал, Енрике Рамбал, Енрике Гарсија Алварес, Жаклин Андере, Сезар дел Кампо, Офелија Монтеско, Луси Галардо, Аугусто Бенедико, Маргарита Лозано, итн.IMDB, The Exterminating Angel (1962) (пристапено на 28.8.2020) Филмот освоил четири награди, вклучувајќи ја и наградата „FIPRESCI“ на Канскиот филмски фестивал,IMDB, The Exterminating Angel (1962)Awards (пристапено на 28.8.2020) а во изборот на „Њујорк тајмс“ (The New York Times) се нашол меѓу илјада најдобри остварувања на сите времиња.
Синопсис Брачниот пар Едмундо (го игра Рамбал) и Лусија Нобиле (ја игра Галардо) организираат свечена вечера за своите пријатели. Непосредно пред вечерата, вработените во кујната набрзина ја напуштаат куќата, а останува само еден келнер. По вечерата, една гостинка свири на пијано, а потоа, наместо да си заминат дома, гостите спонтано се сместуваат на разни места во собата: на фотелјите, на креветите, а некои и на подот. Утредента, на сите им станува јасно дека не можат да ја напуштат собата поради некоја необјаснива причина. Постепено, гостите почнува да ги измачува глад и жед, некои од нив стануваат нервозни, очајни, па дури и агресивни. Само докторот се обидува да се однесува разумно и да внесе некаков ред во собата. Малку подоцна, еден гостин умира од исцрпеност, а еден млад пар се крие во шкафот и извршува самоубиство. Кога се на работ на очајот, гостите успеваат да ја скршат водоводната цевка и така се снабдуваат со вода, а набргу во собата влегуваат овци и гостите ги убиваат, па така обезбедуваат храна. истовремено, надвор, полицијата ја опколува куќата, но од необјасниви причини ниту полицајците ниту присутните гледачи не се осмелуваат да влезат внатре. Најпосле, нервозните гости го обвинуваат домаќинот дека е виновен за нивната несреќа и сакаат да го убијат, а Едмундо се согласува да се жртвува. Но, токму тогаш, гостинката Летисија забележува дека сите присутни се наоѓаат во истата положба како што биле по завршувањето на музичката изведба. Тогаш, гостинката повторно го свири крајот на сонатата, а присутните го продолжуваат разговорот и така откриваат дека се слободни и дека можат да ја напуштат собата. Во истиот миг, слугите на семејството Нобиле, кои спонтано доаѓаат пред куќата, одлучуваат да влезат внатре, а нив ги следат и останатите луѓе. Во знак на благодарност за спасувањето, гостите на забавата приредуваат црковна служба во катедралата, но по завршувањето на службата, сите присутни не можат да ја напуштат црквата. На улиците, луѓето креваат бунт, а полицијата и војската пукаат врз демонстрантите. Филмот завршува со сцената во која во катедралата влегува стадо овци, а во позадина се слушаат пукотници.
Наводи
Категорија:Мексикански филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Надреалистички филмови Категорија:Филмови на шпански јазик Категорија:Филмови од 1962 година Категорија:Филмови на Луис Буњел Категорија:Филмови со Силвија Пинал Категорија:Филмови со Енрике Рамбал Категорија:Филмови со Енрике Гарсија Алварес Категорија:Филмови со Жаклин Андере Категорија:Филмови со Сезар дел Кампо Категорија:Филмови со Офелија Монтеско Категорија:Филмови со Луси Галардо Категорија:Филмови со Аугусто Бенедико Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Мексико