Добово — историско село во Западна Македонија, на територијата на Општина Маврово и Ростуше.
Географија Селото се наоѓало во областа Горна Река, западно над сливот на Радика и Мавровска Река.
Историја На крајот на XIX век Добово било албанско муслиманско село во Реканската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добово (Dobovo) било село со 20 домаќинства од вкупно 46 Албанци муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 176 – 177.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабово е претставено како чисто албанско село во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 19 куќи.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Д'бово имало 24 Арнаути христијани и 90 Арнаути муслимани.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † †