Основно училиште „Екрем Јакупи“ (службено: Подрачно основно општинско училиште „Екрем Јакупи“ - Корошишта; скратено: ПООУ „Екрем Јакупи“) — подрачно основно училиште во струшкото село Корошишта, во состав на ОУ „Нури Мазари“ - Делогожди од селото Делогожди, Општина Струга.

Училиштето е именувано по Екрем Јакупи.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во источниот дел на селото.

Историја

Според натписната табла на училиштето, истото било отворено во учебната година 1946/47, а првото албанско училиште во селото започнало со работа во 1941 година под водство на учителот Панди Треска.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до петто одделение.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Корошишта Категорија:Корошишта