Вестон Мекени (роден на 28 август 1998 година, во Литл Елм) — американски фудбалер, на и на американската репрезентација.
Биографија Вестон Мекени е роден и израснал во Тексас, САД, но како дете поминал три години во Кајзерслаутерн, Германија, додека неговиот татко служел во блиската воздушна база Рамштајн.
Клупска кариера Почетоци Мекени започнал да игра фудбал во локалниот германски клуб Феникс Отербах во 2004 година, пред да се врати со семејството назад во САД. Потоа, играл во младинските категории на ФК Далас - клуб од МЛС лигата - седум години од 2009 до 2016 година, пред да се пресели во Шалке во 2016 година.
Шалке 04 Во јули 2016 година, Мекени ја отфрлил можноста да потпише договор за домашен играч со ФК Далас. Наместо тоа, тој се одлучил за трансфер во Бундеслигата, каде му се приклучил на Шалке 04.
Во неговата прва сезона во Шалке, тој играл за екипата под 19 години во Јуниорската Бундеслига Запад, за која одиграл 21 натпревар (во некој од нив и како капитен) и постигнал 4 гола. По завршувањето на сезоната со екипата под 19 години, Мекени бил промовиран во првиот тим во мај 2017 и бил повикан во составот за последниот натпревар од сезоната во Бундеслигата против Инголштат; во 77-мата минута од овој натпревар што завршил 1-1, тој го направил своето деби за Шалке влегувајќи од клупата за резерви на местото на Донис Авдијај. Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим на сините во сезоната 2016-2017. Набргу потоа тој потпишал нов петгодишен договор со клубот од Гелзенкирхен.
Следната сезона, Мекени ја започнал играјќи како стартер во победата со 2-0 над Динамо Берлин во Купот на Германија. Пет дена подоцна, во првото коло од Бундеслигата, тој влегол од клупата во последните десеттина минути од победата со 2-0 над РБ Лајпциг. На 29 септември 2017, против Бајер Леверкузен го имал својот прв старт за Шалке во еден натпревар од првенството, играјќи ги сите 90 минути во ремито 1-1 на Фелтинс Арена. Од тој момент Мекени станал стандарден првотимец на Шалке и ја завршил сезоната со 22 настапи во првенството и 3 во Купот на Германија.
Својот прв гол во дресот на Шалке, Мекени го постигнал на 3 октомври 2018 против Локомотив Москва во Лигата на шампионите, носејќи му минимална победа на својот тим со 1-0 на гостувањето во Русија. Само три дена подоцна, тој го постигнал и својот прв гол во Бундеслигата во победата со 2-0 на гостувањето кај Фортуна Диселдорф. Во текот на сезоната 2018-2019, тој одиграл вкупно 33 натпревари и бил користен на многу различни позиции; покрај неговата омилена како дефанзивен играч од средниот ред, играл и како централен дефанзивец, десен бек, десно крило, офанзивен играч од средниот ред, па дури и како напаѓач.
Во сезоната 2019-2020, Мекени постигнал 3 гола на 28 натпревари во Бундеслигата. Вкупно за Шалке одиграл 91 натпревар и постигнал 5 гола.
Јувентус На 29 август 2020, Мекени му се приклучил на италијанскиот како позајмен фудбалер за 4.5 милиони евра, со опција за откуп на играчот за 18.5 милиони евра на крајот од сезоната. Тој станал првиот американец кој потпишал за Јувентус во историјата на клубот, а своето деби со бјанконерите го направил на 20 септември, во победата со 3-0 на домашен терен над во Серија А. На 5 декември 2020, Мекени го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус против градскиот соперник во Дерби дела Моле; тој со својот гол го израмнил резултатот во 77-мата минута, кога по центаршутот на Хуан Квадрадо со глава ја сместил топката во мрежата изедначувајќи на 1-1, а до крајот од натпреварот Јувентус успеале да направат целосен пресврт и да победат со 2-1. Само три дена подоцна, тој се запишал во списокот на стрелците и во Лигата на шампионите со прекрасен гол од волеј повторно на додавање на Квадрадо во победата со 3-0 на гостувањето кај на Камп Ноу: оваа победа им овозможила на бјанконерите да завршат на првото место во групата пред шпанскиот тим.
На 6 јануари 2021, Мекени го постигнал својот трет гол за Јувентус погодувајќи од блиско растојание за победата со 3-1 во дербито против Милан по одличниот пробив од десната страна на Дејан Кулушевски. Тој станал првиот американец во историјата кој постигнал гол на Сан Сиро како противнички играч. На 20 јануари 2021, го освоил својот прв трофеј во кариерата, откако Јувентус го победил со 2-0 во Суперкупот на Италија; тој го одиграл целиот натпревар и направил пенал во завршницата фаулирајќи го Дрис Мертенс, кој противниците не го искористиле. На 19 мај, го освоил вториот трофеј со Јувентус, со победата од 2-1 над во финалето на Купот на Италија; Мекени го одиграл целиот натпревар и забележил асистенција за првиот гол на Јувентус кој го постигнал Кулушевски. Својата прва сезона во Италија ја завршил со вкупно 46 настапи и 6 гола во сите натпреварувања.
Уште пред крајот на сезоната, на 3 март 2021 година, Јувентус го искористил своето право на откуп и потпишал траен четиригодишен договор со Мекени.
По долгите летни шпекулации дека ќе го напушти Јувентус после само една сезона во клубот и ќе се пресели во Англија од каде неколку клубови пројавиле интерес за него, Мекени сепак останал во гигантот од Торино за својата втора сезона. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 27 октомври против , а само три дена подоцна ја затресол и мрежата на ; сепак, и двата натпревари завршиле со пораз на неговиот тим од 2-1. На 13 јануари 2022, тој постигнал гол со кој го довел Јувентус во водство во натпреварот од Суперкупот на Италија против Интер, завршен со уште еден пораз од 2-1 за бјанконерите, но по продолженија. Неговата втора сезона во Торино не завршила добро, бидејќи на 22 февруари, за време на натпреварот од нокаут фазата од Лигата на шампионите против Виљареал, по судир со противничкиот играч Первис Еступињан, тој доживеал фрактура на втората и третата метатарзална коска: повреда која го принудила предвреме да ја заврши сезоната.
Лидс Јунајтед, враќање во Јувентус На 30 јануари 2023 година, тој заминал на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп, во англискиот Лидс Јунајтед. Своето деби за Лидс го направил на 5 февруари 2023 година, влегувајќи како замена во второто полувреме од поразот со 1-0 од Нотингем Форест во Премиер лигата.mcKennie Leeds debut Тој забележал 20 настапи без постигнат гол за време на своето искуство на Еланд Роуд, кое не му останало во добро сеќавање, бидејќи бил често критикуван поради неговата форма.
На крајот на сезоната 2022-2023, по испаѓањето на Лидс во Чемпионшип, клубот не го откупил Мекени и така тој се вратил во Јувентус. Иако првично бил на списокот вишок играчи во Јувентус, сепак, за време на претсезоната, исто така поради недостапноста на некои играчи во средниот ред, тој успеал да ја предомисли средината и повторно да најде место во тимот. На 16 септември 2023 година, во победата со 3-1 на домашен терен над во Серија А, тој го одиграл својот 100-ти натпревар за клубот од Торино, одбележувајќи го со асистенција за третиот гол кој го постигнал Душан Влаховиќ. На 15 мај 2024, Мекени го започнал финалето на Купот на Италија и ги одиграл сите 90 минути, во победата на Јувентус над со 1–0, со што тој го освоил својот втор трофеј во Купот на Италија во кариерата. На 22 август 2024, Мекени го продолжил договорот со Јувентус до 2026 година.
На 17 септември 2024, тој постигнал гол во првиот натпревар на клубот за сезоната 2024-2025 во Лигата на шампионите, придонесувајќи за победата од 3–1 над ПСВ. На 27 октомври, тој забележал две асистенции во ремито 4–4 во Дербито на Италија против Интер. Во следниот натпревар, на 30 октомври, тој постигнал гол во домашниот натпревар против Парма што завршил нерешено 2-2. На 11 декември, тој го постигнал вториот гол за Јувентус со волеј-удар по центаршутот на неговиот сонародник Тимоти Веа во победата со 2-0 над Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Репрезентативна кариера Мекени ја претставувал својата земја во неколку младински селекции вклучувајќи ги репрезентациите под 17, под 19 и под 20 години.
Својот прв повик во сениорската репрезентација го добил за пријателскиот натпревар против на 14 ноември 2017, постигнувајќи гол на своето деби за јеникте во ремито 1-1.
Мекени бил повикан во американската репрезентација за КОНКАКАФ Голд купот 2019, кој се одржал во три земји САД, Костарика и Јамајка. Во првиот натпревар на американците на турнирот, тој забележал асистенција во победата со 4-0 над . Првиот свој гол на Голд купот го постигнал во четвртфиналето во победата со 1-0 над . Потоа, тој постигнал гол и во полуфиналето во победата со 3-1 над и како капитен го одиграл целиот натпревар во финалето, во кое јенките биле поразени од со 1-0.
на 12 октомври 2019, Мекени го постигнал најбрзиот хет-трик во историјата на американската репрезентација, постигнувајќи три гола за 13 минути во победата со 7-0 над во КОНКАКАФ Лигата на нации.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистикате е ажурирана на 17 септември 2023.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 БЛ 1 0 КГ - - ЛЕ - - - - - 1 0 2017-2018 БЛ 22 0 КГ 3 0 - - - - - - 25 0 2018-2019 БЛ 24 1 КГ 3 0 ЛШ 6 1 - - - 33 2 2019-2020 БЛ 28 3 КГ 4 0 - - - - - - 32 3Вкупно Шалке 04 75 4 10 0 6 1 - - 91 5 2020-2021 А 34 5 КИ 4 0 ЛШ 7 1 СИ 1 0 46 6 2021-2022 А 21 3 КИ 1 0 ЛШ 6 0 СИ 1 1 29 4 2022-јан. 2023 А 15 1 КИ 1 0 ЛШ 5 2 - - - 21 3 јан.-јун. 2023 ПЛ 19 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 20 0 2023-2024 А 34 0 КИ 4 0 - - - - - - 38 0 2024-2025 А 32 2 КИ 2 0 ЛШ 9 3 СИ+Скп 1+4 0 48 5 2025-2026 A 36 5 КИ 2 0 ЛШ 10 4 - - - 48 9Вкупно Јувентус 172 16 14 0 37 10 7 1 230 27Вкупно во кариерата 266 20 25 0 43 11 7 1 341 32
Титули Клупски Јувентус Куп на Италија : 1 2020-2021, 2023-2024
Суперкуп на Италија : 1 2020
Репрезентативни САД КОНКАКАФ Лига на нации : 2 2019-2020, 2022-2023
Поединечни Американски фудбалер на годината : 1 2020
Наводи
Надворешни врски
Вестон Мекени на soccerway Вестон Мекени на transfermarkt Вестон Мекени на espn Вестон Мекени на whoscored
Категорија:Луѓе од Литл Елм Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026